Top

Каролина Гочева изненади со нова песна – „Бегај, бегај“

Македонската музичка дива Каролина Гочева ги изненади своите фанови со нова песна, „Бегај, бегај“.

Всушност, „Бегај, бегај“ е преработка на насловната тема од култната македонска серија „Трст виа Скопје“. Музиката е дело на Кокан Димушевски, зборовите ги напиша Весна Малинова, а Никола Мицевски го направи аранжманското решение.

Инаку, Каролина на 13 декември ќе одржи голем концерт во „Борис Трајковски“ кој претставува завршница на концертната промоција на одличниот „Македонско девојче 2“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *