Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (28.01 – 02.02.2013)

Во период од 28-ми јануари до 02-ри февруари на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (29.01.2013 – вторник, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.


МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (31.01.2013 – четврток, 20:00 часот) според сценарио на Славко Јаневски и текст на Војдан Чернодрински, во режија на Сташа Зуровац. На сцената ќе имате можност да ги видите: Јана Стојановска, Жарко Димоски, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Ана Костовска, Гоце Тодоровски, Роберт Вељановски, Софија Куновска, Игор Стојчевски , Ѓорги Тодоровски – Трупче, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Никола Ацевски/Зоран Љутков, Катерина Шехтанска, Маја Вељковиќ – Пановска, Гордана Ендровска, Диме Илиев, Атанас Тановски, Виолета Шапковска, Душица Стојановска, Валдета Исмаили, Викторија Анѓушева, Марија Кондовска, Александра Павлова.

ВРТЕЛЕШКА (02.02.2013 – сабота, 20:00 часот) од Артур Шницлер, во режија на Андреј Цветановски, Ирена Стеријовска, Иван Манасковски, Хана Миленковска, Теа Беговска. На сцената ќе имате можност да ги видите: Драгана Левенска, Зоран Љутков, Трајанка Илиева – Таци, Филип Трајковиќ, Маја Вељковиќ – Пановска, Рубенс Муратовски, Кристина Ласовска, Игор Ангелов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Игор Стојчевски.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *