Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (26.03 – 01.04.2012)

Во период од 26-ти март до 1-ви април на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

АХ, ЉУБОВ МОЈА – Претпремиера (26.03.2012 – понеделник, 20:00 часот) од Коле Ангеловски. На сцената ќе имате можност да ги видите: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Зорица Стојановска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Александар Микиќ, Жаклина Стевковска, Слаѓана Вујошевиќ, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Бојан Велевски, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски.

АХ, ЉУБОВ МОЈА – Премиера (27.03.2012 – вторник, 20:00 часот) од Коле Ангеловски. На сцената ќе имате можност да ги видите: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Зорица Стојановска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Александар Микиќ, Жаклина Стевковска, Слаѓана Вујошевиќ, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Бојан Велевски, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски.
*За оваа изведба не се доделуваат гратис билети.

СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА (28.0.2012 – среда, 20:00 часот) од Тенеси Вилијамс, во режија на Иван Манасковски. Главните улоги ги толкуваат: Катина Иванова, Филип Трајковиќ, Трајанка Илиева и Жарко Димоски.

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (29.03.2012 – четврток, 20:00 часот) од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.


ФАНИ МАНИ (30.03.2012 – петок, 20:00 часот) од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат Благој Чоревски, Владимир Ангеловски, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Лазе Манасковски, Катерина Коцевска и Марија Кондовска.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *