Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (23.04 – 29.04.2012)

Во период од 23-ти до 29-ри април на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

Гостува НУЦК “Григор Прличев” – Народен театар Охрид: АЈ ДА СИ РЕЧЕМЕ УШТЕ ЕДНА (23.04.2012 – понеделник, 20:00 часот) во режија на Андреј Цветановски. Играат: Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ, Игор Георгиев, Билјана Билаловиќ, Ивица Цонев и Стрезо Стаматовски.

Гостува НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово: АХАСФЕР (24.04.2012 – вторник, 20:00 часот) од Василиј Сигарев, а во режија на Ненад Витанов. Играат: Виктор Арев, Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Стефанија Зисовска, Ивица Димитријевиќ, Димитрија Доксевски, Владо Дојчиновски, Драгиша Димитријевски и Никица Јанковски.

Театар КОМЕДИЈА: АХ, ЉУБОВ МОЈА (25.04.2012 – среда, 20:00 часот) од Коле Ангеловски. На сцената ќе имате можност да ги видите: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Зорица Стојановска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Александар Микиќ, Жаклина Стевковска, Слаѓана Вујошевиќ, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Бојан Велевски, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски.

ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА (26.04.2012 – четврток, 20:00 часот) од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. На сцената ќе се појават: Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Драгана Левенска, Билјана Беличанец-Алексиќ, Роберт Вељановски, Никола Ацески, Игор Ангелов, Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Гордана Ендровска и Жарко Димоски.
*За оваа изведба не се доделуваат гратис билети.


На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *