Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (22.10 – 27.10.2012)

Во период од 22-ри октомври до 27-ми октомври на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

АРХЕЛАОС или ЕВРИПИД СЕ ВРАЌА НА БАЛКАНОТ – (22.10.2012 – понеделник, 20:00 часот) од Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски. На сцената ќе се појават: Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Трајанка Илиева-Таци, Валдета Исмаили, Гордана Ендровска, Маја Вељковиќ-Пановска, Калина Наумовска, Катерина Аневска, Билјана Беличанец-Алексиќ.


2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (25.10.2012 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.

Театар КОМЕДИЈА: ЗА СЕКОГО ИМА ПО ЕДНА (27.10.2012 – сабота, 20:00 часот) од Венко Андоновски, во режија на Владлен Александров. Улогите ги играат: Роберт Вељановски, Зорица Стојановска, Атанас Атанасовски, Филип Трајковиќ, Валентин Костадиновски, Нина Деан, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Едмонд Сотир, Ердоан Максут, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Катерина Шехтанска-Лаковска.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *