Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (21.05 – 27.05.2012)

Во период од 21-ви до 27-ми мај на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (21.05.2012 – понеделник, 20:00 часот) од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.


УМРИ МАШКИ (22.05.2012 – вторник, 20:00 часот) од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.

Театар КОМЕДИЈА: АХ, ЉУБОВ МОЈА (26.05.2012 – сабота, 20:00 часот) од Коле Ангеловски. На сцената ќе имате можност да ги видите: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Зорица Стојановска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Александар Микиќ, Жаклина Стевковска, Слаѓана Вујошевиќ, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Бојан Велевски, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *