Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (20.02 – 26.02.2012)

Во период од 20-ти февруари до 26-ти февруари на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

СТЕНД АП КАБАРЕ со Весна Бејби Петрушевска (20.02.2012 – понеделник, 20:00 часот).


ОЛОВО НА ПЕРНИЦА (21.02.2012 – вторник, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

ФАНИ МАНИ (22.02.2012 – среда, 20:00 часот) од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат Благој Чоревски, Владимир Ангеловски, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Лазе Манасковски, Катерина Коцевска и Марија Кондовска.

КРВТА НЕ Е ВОДА (24.02.2012 – петок, 20:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец – Алексиќ.

ДЕМОНОТ ОД ДЕБАРМААЛО (25.02.2012 – сабота, 20:00 часот) од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. На сцената ќе ги видите Јовица Михајловски, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јелена Јованова, Трајанка Илиева, Дејан Лилиќ, Драган Спасов, Сашо Тасевски, Марин Бабиќ, Јелена Жугиќ и Диме Илиев.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *