Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (19.03 – 25.03.2012)

Во период од 19-ти март до 25-ти март на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ОЛОВО НА ПЕРНИЦА (19.03.2012 – понеделник, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

ХАМЛЕТ (21.03.2012 – среда, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.


На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *