Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (19.11 – 24.11.2012)

Во период од 19-ти ноември до 24-ти ноември на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

КАКО ДА ЈА УБИЕШ СОПРУГАТА И ЗОШТО (19.11.2012 – понеделник, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (21.11.2011 – среда, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.


УМРИ МАШКИ (22.11.2012 – четврток, 20:00 часот) од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.

JУСТИНИЈАН ПРВИ – Премиера (23.11.2012 – петок, 20:00 часот) од Јордан Плевнеш, во режија на Петар Темелковски. На сцената ќе се појави Петар Темелковски.
*За премиерата на ЈУСТИНИЈАН ПРВИ не доделуваме гратис билети.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *