Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (16.01 – 22.01.2012)

Наредниве 7 дена во Драмски Театар – Скопје ќе бидат изведени 5 претстави:

КРВТА НЕ Е ВОДА (16.01.2012 – понеделник, 20:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец – Алексиќ.

ДЕМОНОТ ОД ДЕБАРМААЛО (17.01.2012 – вторник, 20:00 часот) од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. На сцената ќе ги видите Јовица Михајловски, Билјана Беличанец-Алексиќ, Јелена Јованова, Трајанка Илиева; Дејан Лилиќ, Драган Спасов, Сашо Тасевски, Марин Бабиќ, Јелена Жугиќ и Диме Илиев.

ХАМЛЕТ (18.01.2012 – среда, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.


ОЛОВО НА ПЕРНИЦА (20.01.2012 – петок, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски, чие премиерно издание беше на 13-ти март оваа година. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (21.01.2012 – сабота, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *