ХАЈ ФАЈ – Гостува аматерскиот театар од Тетово (14.05.2012 – понеделник, 20:00 часот).
УМРИ МАШКИ (15.05.2012 – вторник, 20:00 часот) од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.

ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА (16.05.2012 – среда, 20:00 часот) од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. На сцената ќе се појават: Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Драгана Левенска, Билјана Беличанец-Алексиќ, Роберт Вељановски, Никола Ацески, Игор Ангелов, Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Гордана Ендровска и Жарко Димоски.

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (17.05.2012 – четврток, 20:00 часот) од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

Театар КОМЕДИЈА: АХ, ЉУБОВ МОЈА (18.05.2012 – петок, 20:00 часот) од Коле Ангеловски. На сцената ќе имате можност да ги видите: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Зорица Стојановска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Александар Микиќ, Жаклина Стевковска, Слаѓана Вујошевиќ, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Бојан Велевски, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски.

ДЕМОНОТ ОД ДЕБАРМААЛО (19.05.2012 – сабота, 20:00 часот) од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. На сцената ќе ги видите Јовица Михајловски, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јелена Јованова, Трајанка Илиева, Дејан Лилиќ, Драган Спасов, Сашо Тасевски, Марин Бабиќ, Јелена Жугиќ и Диме Илиев.
![]()
На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!
Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!