Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (12.03 – 18.03.2012)

Во период од 12-ти март до 18-ти март на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ХАМЛЕТ (12.03.2012 – понеделник, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.

ФАНИ МАНИ (13.03.2012 – вторник, 20:00 часот) од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат Благој Чоревски, Владимир Ангеловски, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Лазе Манасковски, Катерина Коцевска и Марија Кондовска.

СТЕНД АП КАБАРЕ со Весна Бејби Петрушевска (14.03.2012 – среда, 20:00 часот).


На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *