Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (12.12 – 18.12.2011)

Оваа недела во Драмски Театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

КРВТА НЕ Е ВОДА (12.12.2011 – понеделник, 20:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец – Алексиќ.

НИ ВАМУ, НИ ТАМУ (13.12.2011 – вторник, 20:00 часот) од авторите Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски – Упа. На сцената ќе ги видите Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски – Упа, Никола Кумев.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (15.12.2011 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.


ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (16.12.2011 – петок, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!
Напомена: За петочната изведба на “Грев или шприцер” не доделуваме гратиси бидејќи претставата е целосно распродадена.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *