Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (09.01 – 15.01.2012)

Оваа календарска година, Драмски Театар – Скопје ќе ја стартува со следниве две претстави:

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (10.01.2012 – вторник, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.


2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (12.01.2012 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *