Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (07.05 – 13.05.2012)

Во период од 7-ми до 13-ти мај на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (07.05.2012 – понеделник, 20:00 часот) од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

Театар КОМЕДИЈА: АХ, ЉУБОВ МОЈА (08.05.2012 – вторник, 20:00 часот) од Коле Ангеловски. На сцената ќе имате можност да ги видите: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Зорица Стојановска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Александар Микиќ, Жаклина Стевковска, Слаѓана Вујошевиќ, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Бојан Велевски, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски.


ДЕМОНОТ ОД ДЕБАРМААЛО (09.05.2012 – среда, 20:00 часот) од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. На сцената ќе ги видите Јовица Михајловски, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јелена Јованова, Трајанка Илиева, Дејан Лилиќ, Драган Спасов, Сашо Тасевски, Марин Бабиќ, Јелена Жугиќ и Диме Илиев.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (10.05.2012 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.

ОЛОВО НА ПЕРНИЦА (11.05.2012 – петок, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА (12.05.2012 – сабота, 20:00 часот) од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. На сцената ќе се појават: Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Драгана Левенска, Билјана Беличанец-Алексиќ, Роберт Вељановски, Никола Ацески, Игор Ангелов, Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Гордана Ендровска и Жарко Димоски.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *