Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (06.02 – 12.02.2012)

Во период од 06-ти февруари до 12-ти февруари на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ОЛОВО НА ПЕРНИЦА (07.02.2012 – вторник, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски, чие премиерно издание беше на 13-ти март оваа година. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

ХАМЛЕТ (08.02.2012 – среда, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.


ДЕМОНОТ ОД ДЕБАРМААЛО (09.02.2012 – четврток, 20:00 часот) од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. На сцената ќе ги видите Јовица Михајловски, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јелена Јованова, Трајанка Илиева, Дејан Лилиќ, Драган Спасов, Сашо Тасевски, Марин Бабиќ, Јелена Жугиќ и Диме Илиев.

КРВТА НЕ Е ВОДА (10.02.2012 – петок, 20:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец – Алексиќ.

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (11.02.2012 – сабота, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




8 Коментари

  • kire Sekuloski вели:

    Sakam Gratis karti za pretstavata КРВТА НЕ Е ВОДА датум 10.02.2012 во 20,00 часот

    Со Почит
    Кире Секулоски

  • Pero Blazeski вели:

    Olovo na pernica pozdrav.

  • Весна Парговска вели:

    Почитувани,
    Ќе Ве замолам за два гратиса за претставата Грев или шприцер на 11.02.2012 година.
    Однапред благодарам
    Поздрав,Весна

  • Југослав Парговски вели:

    Почитувани,
    Молам два гратиса за Грев или шприцер за 11.02.2012 год.
    Поздрав

  • mirjana damcheska вели:

    Почитувани
    Молам за два гратиса за 23.02.2013 за генетика на кучињата..
    Благодарам однапред, поздрав

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *