Top

Една “мала” мадридска куќа

A-cero architecture studio ја претстави куќата, која „A-cero“ неодамна ја заврши во “La Finca” имотот во градот Pozuelo de Alarcón (Мадрид). Овој проект (1000м2) е помал од останатите објекти од оваа заедница за домување која сеуште се развива. Но, токму помалите димензии, ја праваат оваа куќа попрактична и поудобна за да уживате во неа и да го искористите нејзиниот максимален квалитет.
Нејзиниот модерен дизајн базиран на невозможни агли, проектирани и спектакуларни волумени ја прават оваа куќа една од најекспонираните на “A-cero architecture”. Фасадата на куќата е изработена од травертино мермер, кој е комбиниран со темно зелен гранит на неколку места, во вертикален план на главната фасада. Во ентериерот и екстериоерот, главна улога има белата боја. Воедно, има и доволен број на прозорци, а со тоа и доволно елементи за да се внесе виталност и светлина во куќата.



Автор: Мила Габунија




2 Коментари

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *