Top
glavobolka

Влијанието на промените на времето врз нашето здравје

Температурните промени имаат влијание како на нашето расположение, така и на комплетното функционирање на нашиот организам. „Метеопати“ се луѓето чие здравје е директно поврзано со атмосферските промени. Без оглед на тоа какво е времето надвор, секој ден треба да излезете и да се прошетате барем 20 минути.

Главоболка
Болката во главата се јавува при наглото паѓање на надворешната температура, зголемената влажност на воздухот и нискиот воздушен притисок. Ветерот може да предизвика воспаление на синусите кое предизвикува болка.

Срце и бели дробови
Времето има влијание и на работата на срцето и белите дробови. Многу е важен квалитетот на воздухот кој го дишеме. Загадениот воздух може да предизвика воспаление на белите дробови, но и засилени симптоми на гушење кај оние кои се мачат со бронхитис и астма. Кога е „тешко“ времето, тешко им е и на оние со срцеви проблеми. Ова особено ги погодува луѓето кај кои се јавува тапа болка во пределот на градите, односно „ангина пекторис“, а наглите промени можат да влијаат на пулсот и на крвниот притисок.

Коски
Секој што некогаш во животот имал фрактура на некој екстремитет, знае дека пред да врне дожд или дојде до промена на времето на полошо, му се јавува болка во коските. Луѓето кои патат од артритис или реума, тешко ги поднесуваат влажните и ладните месеци бидејќи нивните болни симптоми по правило им се влошуваат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>