Top
Woman-Looking-At-A-Banana

Проблеми кои бананата ги решава подобро од таблети

Бананите содржат три видови шеќери, а освен тоа изобилуваат со растителни влакна. Токму затоа тие се едни од најбрзите извори на енергија. Освен нивните хранливи вредности, имаат моќ да отстранат бројни непријатности кои вообичаено ги решаваме со таблети.

Подуеност
Бананите содржат пектин, кој го забрзува варењето на храната, поттикнува исфрлање на токсини и тешки метали од телото. Освен тоа, делуваат и како пробиотик и ја стимулираат работата на цревата. Сето ова ја поттикнува работата на метаболизмот и ја намалува подуеноста.

Стрес
Стресот го нарекуваат болест на модерното време. Тој непрекинато остава големи последици врз нашето здравје, во голема мера го забрзува матеболизмот при што паѓа нивото на калиум во организмот. Една банана содржи доволно калиум за да го нормализира бројот на срцеви отчукувања, да обезбеди кислород во мозокот и да одржи оптимална количина вода во телото.

Крвен притисок
Високиот внес на натриум и малиот внес на калиум има негативно влијание врз крвниот притисок. Поради тоа важно е на телото да му се обезбеди поголема количина калиум, а него во голема мера го содржат токму бананите. Се препорачува секое утро да се јаде една банана која ќе го одржи крвниот притисок во граници на нормалата.

ПМС
Бананите изобилуваат и со витамин Б6 кој влијае врз нивото на глукоза во крвта. Докажано е дека овој витамин го редуцира проблемот со болки во градите, промените во расположението и насобирање на вода во телото, кои се дел од ПМС-от кај жените.

Депресија
Триптофанот го поттикува излачувањето на серотонин, кој е познат како хормон на среќа. Една банана е доволна да го покачи нивото на серотонин, кој предизвикува чувство на смиреност и задоволство.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *