Top
slabeenje

Рецепти за брзо слабеење

Најароматичниот зачин, циметот, својата употреба ја најде во сите светски кујни како составен дел на слатките, но исто така тој се користи во медицината кај лица кои имаат проблеми со прекумерна тежина.

Со консумирање само 1/2 кафена лажичка цимет на ден, дијабетичарите можат значително да го намалат нивото на шеќер во крвта. Експериментално е докажано дека циметот ги намалува мастите и лошиот холестерол, има фунгицидно дејство, ги уништува габите и го спречува нивниот раст.

Утрински чај
Утринскиот чај ќе биде уште повкусен ако додадете цимет, и на тој начин ќе стане природен пијалок за слабеење. Во чајот додадете и мед.

Попладневна ужина
Во попладневните часови на циметот и медот додадете им и ѓумбир. Цимет и ѓумбир се уште една добра комбинација за намалување на тежината. Во две кафени лажички мед измешајте 1/2 лажиче цимет и 1/2 лажиче ѓумбир. Ова може да го намачкате на тост за време на ужина.

Вечерен пијалок
Во вечерните часови, се препорачува пијалок од 200ml зовриена вода, во која има додадено 1/2 лажичка мед и 1/2 лажичка цимет. Пијте половина час пред спиење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>