Top
cimet

Со цимет до побрз раст на косата

Сигурно и вие занете дека лукот и пивскиот квасец имаат одличен ефект врз растот на косата, но дали знаете дека циметот е исто така одличен за лекување на скалпот во случај на прекумерно опаѓање на косата?

Новинарка од списанието Allure била изненадена кога од фризерката слушнала необичен совет: „Само нанесете малку цимет на скалпот и добро измасирајте“.Овој податок го проверила кај својот дерматолог, кој и објаснил дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори на скалпот. Не постои официјална студија во која е потврдено дека по третманот со цимет, косата расте подобро и побрзо, но дерматологот Франческа Фуско вели дека нејзините пациенти биле крајно задоволни од овој совет.

Секој што сака да го проба циметот за борба против опаѓање на косата, се препорачува да се снабдат со ароматично масло од цимет и најпрво да го испробаат на кожата, а доколку нема никаква несакана реакција, внимателно нанесете го на скалпот. По масажата, маслото треба темелно да се измие.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>