Top
banana i med

Маска за хидратација на лицето

Медот ја подобрува апсорбцијата на одредени супстанции во организмот (лекови, минерали), а поради своите антиоксидантни дејства се користи како средство за детоксикација за различни делови на целиот организам. Поради својата одлична хидратирачка моќ, медот е многу честа состојка во кремите за лице, лосионите за чистење, балзамите или шампоните за коса. Покрај тоа, медот делува смирувачки и не предизвикува иритација, па затоа е идеален за нега на чувствителната и нежна кожа.

Доколку имате сува кожа направете си ја оваа маска од мед. Измешајте неколку капки маслиново масло со половина банана исецкана на ситни парчиња и додадете лажичка мед. Промешајте добро и оставете ја на лицето да делува до половина час. Ќе почувствувате како вашата кожа се хидратира и релаксира.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>