Top
Srekjni_lugje_iLike_mk

Бидете среќни и задоволни!

Старата и добро позната изрека вели дека за среќа е потребно малку! Воведете од сè помалку во вашето секојдневие и бидете насмеани.

САКАЈТЕ СЕ СЕБЕ
Направете листа на работи кои ги сакате кај себе. Среќата се зголемува за 25% ако луѓето напишат што ценат кај себе.

СЛУШАЈТЕ РАДИО
Студиите покажале дека музиката ги активира деловите на мозокот кои произведуваат среќа, а не е случајно тие делови да ја поттикнуваат и храната и водење љубов.

АКТИВИРАЈТЕ СЕ
Кога не сме ангажирани и немаме некоја задача, нашите умови почнуваат да одат во правец на лични проблеми и почнуваат грижите. Значи, секогаш бидете фокусирани кон целта.

ПРИРОДА
Отидете во парк или на некое друго место пријатно за шетање. Тоа може да ги оттргне сите несреќни мисли така што вашата свест ќе ја врати во сегашноста.

БЕЗ ЗАВИСТ
Несреќните луѓе дозволуваат споредбата да им го расипе расположението.

И никако не заборавајте дека љубовта ни дава живот, таа е моќна и е секаде околу нас. Сакајте се себе, луѓето околу себе, природата, животот. Останете во контакт, бидете фер и љубезни. Убавите и топлите односи се услов да се чувствуваме задоволно и исполнето!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>