Top
Uspeshni_deca_iLike_mk

Причини поради кои помладите деца се поуспешни во животот

Најмалите деца во семејството најчесто се карактеризираат како неодговорни, желни за внимание, кои мислат дека можат да прават сè. Но, науката покажува дека моментите поради кои во семејството се шегувале со нив, прават помалите деца подоцна во животот да го искористат својот потенцијал до максимум.

Тие се поголеми авантуристи бидејќи како мали морале сами да си го бараат своето место во семејството, за разлика од првородените. Затоа што повеќе експериментирале и ризикувале, па заради тоа се понаклонети кон истражување и отворени за искуства.

Тие се најчесто многу смешни. Еди Марфи, Стивен Колберт, Џенифер Лоренс и Тина Феј се најмали деца во семејството, со најголема смисла за хумор. Според психологот Ричард Вајзмен, најмалите деца се натпреваруваат со другите за да го привлечат вниманието на родителите, а добар начин за тоа е хуморот.

Тие се поопуштени бидејќи родителите биле поопуштени со нив откако веќе се здобиле со искуство со постарите деца. Според психологот и автор на книги Кевин Леман, најмалите деца се помалку ориентирани кон правилата, а сепак добиваат многу внимание.

Тие се одлични во создавање пријатели. Додека првородените се понаметливи, најмалите се најчесто друштвенни и повеќе забавни. Затоа што морале да си го најдат местото меѓу другите деца, најмалите учат како да ги контролираат ситуациите и да манипулираат со луѓето, затоа се одлични во сферата на продажбата.

Тие се покреативни. Додека постарите деца во просек имаат малку повисок коефициент на интелигенција, помалите се покреативни, зашто барале алтернативни начини за максимална корист од околината и не се натпреваруваат директно за истите ресурси како најстарите деца. Според Саловеј, на тој начин тие развиваат различни интереси и искуства кои не се мерат со тест за интелигенција. Можеби затоа анкетата на „Career Builder“ открива дека најмладите деца во семејството често ги привлекуваат креативни професии како дизајн, архитектура, пишување или уметност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>