Top
sreka

Нешта кои не се купуваат со пари

Иако се вели дека сѐ има своја цена, сепак постојат нешта кои ниту едни пари не можат да ги купат. Ова се нештата кои немаат цена, а често се земаат здраво за готово.

Знаење и искуство
Можете да имате диплома од најскапите факултети во светот, но скапото образование нема да ви обезбеди широки познавања или искуство од животните ситуации. Исто така, во животот често успеваат оние кои имале малку, но со својата мудрост, знаење и искуство успеале да создадат нешто.

Искрена љубов
Љубовта е онаа вредност во животот која секој тежнее да ја стекне, а истата дава чувство на посебност и благослов. Исто како и кај пријателството, парите можат да купат привремена љубов, минлива и површна. Но, онаа вистинската искрена и длабока љубов може да ја добиете само доколку исто толку силно љубите.

Здравје
Медицината, најскапите клиники и лекови не можат сѐ. Човечкото знаење не може да ги совлада болестите, особено оние на модерното време. Студиите покажуваат дека побогатите луѓе почесто имаат здравствени проблеми, поврзани со стресот кој го доживуваат околу стекнување и задржување на богатството.

Внатрешен мир
Залудно е цело богатство, ако немате мир во својата душа. Богатството само по себе не е категорија која ја храни душата и дава чувство на емоционална стабилност. Внатрешниот мир се јавува со искрени односи према себе и другите.

Вистински пријатели
Богатите луѓе имаат широк круг на познаници и „поддршка“ околу себе, но вистинското прашање е дали нивните пријатели се вистински или само од интерес. Искреното пријателство е една од најважните вредности во животот.

Почит
Почитта и довербата не може да се купат со пари. Секој човек посакува да биде почитуван во друштвото, а најдобар начин да се постигне тоа е напорна работа, скромност и емпатија.

Среќно семејство
Семејството има голема улога во созревањето и формирањето ставови во животот. Среќните семејства имаат позитивно влијание на нивните членови, додека семејствата чии членови се „ладни“ и имаат далечни односи резултираат со чувство на осаменост. Тоа не може да се надомести ниту со најскапите подароци, одмори или имот.

Среќа
Водечкиот мотив и двигател во животот е оваа цел која секој сака да ја постигне, иако сите луѓе немаат иста перцепција за тоа што за нив е среќа. Таа се крие онаму каде најмалку ја забележуваме и многу од нас не се свесни за нејзиното постоење.

Време
Најдрагоцениот подарок кој можете да го дадете некому е вашето време, бидејќи со него подарувате дел од својот живот кој не може да го вратите назад. Луѓето кои го минуваат својот живот насочени на материјалните нешта не можат да влијаат времето да минува бавно или пак да надоместат пропуштена прилика.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>