Top
Pudra-za-lice-iLike-mk

Зошто се појавуваат подочници?

Заморот влијае на формирањето темни кругови околу очите, исто како и на подочниците. Треба да правите разлика помеѓу нив, а во продолжение прочитајте што ја причинува нивната појава.

Темни кругови околу очите
Освен недостатокот на сон како прв фактор, за темните кругови околу очите се заслужни и гените. Кожата во овој дел е тенка и покрива мускули, масно ткиво и крвни садови. Темните кругови се појавуваат како резултат на светлината која се рефлектира од крвните садови под површината на кожата, а темнината на круговите зависи од тоа каков е тенот и колкава е дебелината на кожата. Кога сме уморни, тие се повидливи бидејќи крвните садови се зголемуваат во волумен. Во моменти на умор, телото излачува повеќе кортизол, а неговата цел е да го зголеми нивото на енергија во телото, што резултира со повеќе крв во телото и пошироки крвни садови (што значи и потемни кругови околу очите). Подолгото хоризонтално лежење исто така го зголемува протокот на крв во оваа област.

Подочници
Помеѓу подочниците и возраста постои голема поврзаност. Како старееме, така волуменот на масното ткиво под очите се зголемува, а со тоа и подочниците. Кога сме уморни, подочниците се повоочливи бидејќи телото задржува повеќе вода што ги поттикнува крвните садови да се доближат до површината на кожата. Тоа се случува и кога се консумира повеќе сол или пак како резултат на алергија. Со текот на времето, под дејство на гравитацијата, овој дел од кожата помалку или повеќе ќе свисне.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>