Top
podocnjaci

Како да се ослободите од подочници?

Подочниците се проблем кај многу луѓе. Постојат неколку начини како да се ослободите од здодевните темни кругови под очите.

Спијте повеќе
Дел од луѓето имаат генетски предиспозиции за појава на подочници колку и да спијат, но дерматолозите тврдат дека квалитетниот сон помага во борбата со темните кругови под очите. Внимавајте и на внесувањето на премногу сол и алкохол во организмот бидејќи тие ги задржуваат течностите во телото, па следствено на тоа се појавуваат подочниците.

Користете капки за очи
Чешањето, пецкањето на очите или алергиите можат да бидат причина за појава на подочници. Повремено користете капки за прочистување на очите и капки за вештачки солзи.

Употребувајте крем за очи
Со помош на дерматолог, одберете ја вистинската крема за околу очи која ќе ве спаси од подочниците и ситните брчки. Препорачливи се кремите кои ссодржат хијалорунска киселина, колаген, ретинол, глицерин и витамин Ц.

Набавете квалитетен коректор
Одберете квалитетен коректор со хранливи состојки кој освен што ќе ги покрива подочниците, ќе помогне и во нивното намалување.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *