Top
vaga

Кога се дебелееме најмногу?

Резултатите од едно истражување покажуваат дека најмногу се дебелееме во недела во 19 часот. Стручњаците ова време го нарекуваат време во кое јадеме „храна за утеха“, односно храна која не е добра за нашата линија, но е благотворна за душата. 50% од учесниците во анкетата потврдиле дека токму во недела, помеѓу 19 и 22 часот тешко успеваат да одолеат на масна и на слатка храна. Од учесниците, 28% велат дека порано се препуштаат на консумирање на висококалорична храна, односно од 15 до 17 часот.

Ова истражување утврдува дека за време на викенд тешко можеме да ѝ кажеме „не“ на храната која дебелее, а најголем виновник за тоа е стресот кој ни е предизвикан од работата во текот на целата работна недела. Многу од испитаниците велат дека токму тоа им помага да ја надминат депресијата поради враќањето на работа по слободниот викенд.

Поголемиот дел од испитаниците одговориле дека јадат во вечерните часови и дека тешко успеваат да се контролираат за време на вечерата. 70% од нив признаваат дека по лошиот ден на работа знаат да се почастат со слатки.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *