Top
Chasovnik-i-son-iLike-mk

Како да спиете мирно навечер?

Сигурно и вие знаете дека најдобро би било да спиете 7-8 часа на ден. Но, на квалитетот на сонот влијаат дневните активности, стресот и психичката состојба, па поради тоа многу патат од несоница и стануваат нервозни следното утро. Квалитетното спиење е исклучително важно, бидејќи на тој начин човекот не само што одмара, туку и организмот го полни со нови сили за следниот ден. Со воспоставувањето на неколку едноставни навики може да го подобрите вашиот сон.

Трчајте само наутро
Утринскиот тренинг не само што ќе го намали нивото на кортизол (хормонот на стресот) во вашето тело за период од 12 часа, туку ќе ви помогне да спиете подобро во текот на ноќта. Според едно истражување, луѓето кои практикуваат 30 минути умерено кардио наутро, ноќе заспиваат побрзо, сонот им трае повеќе време и поминуваат до 75% повеќе време во длабок сон, за разлика од луѓето кои тренираат во вечерните часови.

Практикувајте јога
Ако имате проблеми со спиењето, јогата исто така ќе ви биде од голема корист. Практикувањето на јога го намалува стресот, а според спроведените истражувања луѓето кои вежбаат јога имаат подобар квалитет на спиењето како целина.

Оставете ги јаглехидратите за вечера
Скокот во нивоата на инсулин, кој се добива како резултат на потрошувачката на храна како ориз, компир или паста, може да ви помогне да заспиете побрзо.

Уживајте во сончевата светлина
Многу брзо по будењето, изложете се на сонце барем за околу половина час. На овој начин му давате сигнал на телото дека веќе е утро. Според една неодамнешна студија, луѓето кои се радуваат на природна сончева светлина во текот на денот, во просек имаат 46 минути подолг сон отколку останатите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>