Top
kosa

Женски навики кои мажите не ги разбираат

Женските навики кои се однесуваат на нега и убавина за многу мажи се несфатливи. Додека жените се обидуваат да се достераат од глава до пети како би ги фасцинирале мажите, тие нивниот труд го сметаат за смешен и непотребен.

- Не им е јасна поентата на вештачките трепки. Уште полош го сметаат моментот кога жените ставаат туш до половина лице.
– Не им е јасно зошто мора секојдневно да ги чупаат веѓите. Зарем толку брзо тие растат?
– Не им е јасно зошто им е потребен повеќе од еден час за да ја наместат косата, која повторно изгледа исто како претходно.
– Не им е јасно од каде им доаѓа храброста за депилација со восок на целото тело. Тие обично се обиделе да издепилираат само мал дел од влакната, но не успеале да ја издржат болката.
– Не им е јасно зошто жените постојано ги лакираат ноктите на нозете, односно во текот на целата година. Ја разбираат потребата за лакирање во лето, но зошто ли нанесуваат лак кога носат чорапи?
– Не им е јасно зошто жените користат толку многу различни креми, односно различна крема за различен дел од телото.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>