Top
nedostatok-na-seks

2014-та е полоша година за секс од минатата

Луѓето многу повеќе време поминуваат на работа, а сѐ помалку во кревет со партнерот. 40% од луѓето тврдат дека имаат сѐ помалку време за секс, а на таквиот однос влијаат и сѐ почестите финансиски грижи, продолженото работно време и хроничниот стрес.

Во 2014-та година паровите имаат многу помалку секс за разлика од минатата година, што покажува истражување спроведено од британската компанија VoucherCodesPro. Според неа, за намалениот број на сексуални односи одговорен е притисокот на модерниот начин на живот, а презафатеноста на работното место е главен виновник. Освен тоа, паровите сметаат дека од сексуалното уживање ги одбиваат и грижите за финансии, сѐ подолгиот работен ден и недостатокот на слободно време. Исто така, 29% од паровите велат дека во сексот ги спречува и активниот социјален живот, но и расправиите околу секојдневните проблеми кои поттикнуваат стрес.

Луѓето денес се зафатени со грижа за сите аспекти на својот живот, а тешко е да се очекува сето тоа да не се одрази врз состојбата во спалната соба. Недостатокот на секс е поврзан и со недостаток на блискост, па партнерите стануваат сѐ подалечни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *