Инстаграм доби нова најлајкувана фотографија. На неа нема сценски настап, егзотична дестинација или модна комбинација… туку едно обично јајце.
До неодамна, Кајли Џенер го држеше рекордот за најпопуларна фотографија. Стануваше збор за фотографијата на која нејзината мала ќерка Сторми ја држи за палецот, која за неполна година собра 18,4 милиони лајкови.
Но, изминативе 10-тина денови масовно се шири фотографија од јајце, објавена со цел да се постигне светски рекорд. Досега „популарното“ јајце има над 39,2 милиони лајкови.
Секако, за ова дозна и популарната Кајли Џенер, која не остана рамнодушна и објави кратко видео во кое крши јајце.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!