Top
IG-Likes-iLike-mk

Инстаграм ќе ги сокрие лајковите

Веројатно најчестата причина поради која луѓето објавуваат фотографии на социјалните мрежи, се лајковите. Всушност, тоа е начин да се биде забележан или популарен, во зависност од тоа колку допаѓања има објавата.

Меѓутоа, се шпекулира дека Инстаграм тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги сокрие лајковите од вашите следачи. Овој новитет меѓу првите го најави познатата блогерка Џејн Манчун Вонг.

Ова би било прилично контроверзна одлука бидејќи инфлуенсерите едноставно живеат од бројот на лајкови, кои директно ги одредуваат цените кои ги наплаќаат за рекламирање брендови.

На ова, Инстаграм возвраќа: „Ние сакаме вашите следачи да се фокусираат на она што го споделувате, а не колку допаѓања има објавата“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>