Top
boi

Обојте ги ѕидовите според вашиот карактер

Доколку сакате да ги бојадисате ѕидовите, а не знаете која боја да изберете, прочитајте неколку совети од древниот кинески систем Фенг шуи. Оваа кинеска вештина, стара 3500 години, се поврзува со уредување животниот и работниот простор. Истата нуди теорија која влијае врз квалитетот на нашиот живот. Бојата е еден од најважните елементи во домот, кои треба да бидат усогласени со нашиот карактер. Фенг шуи се темели на 5 елементи: оган, метал, земја, дрво и вода. Секој од овие елементи има своја боја, која различно влијае врз различни луѓе.

Елементи и боја

Дрво – зелена и сина боја

Оган – црвена и портокалова боја

Земја – жолта боја

Метал – бела, беж и сребрена боја

Вода – темно сина и црна боја

Влијание на боите

Зелена боја – Зелената боја смирува, поттикнува креативност, поттикнува раст и регенерација, претставува надеж.

Црвена боја – Буди апетит, го стимулира метаболизмот, дава енергија, но може да предизвика и вознемиреност.

Жолта боја – Поттикнува комуникација и односи со околината, добро влијае врз „затворени“ луѓе бидејќи ги поттикнува да бидат порелаксирани.

Кафеава боја – Оваа боја симболизира стабилност, топлина и спокојство.

Бела боја – Симбол за чистота и едноставност.

Сина боја – Сината боја смирува и поттикнува размислување и учење.

Црна боја – Употребувајте ја внимателно и во мала мера. Поттикнува размислување, но и затвора.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>