Top
running

Придобивки кои ги носи трчањето

Според многу стручњаци, овој облик на физичка активност има многу предности врз човечкиот организам.

Ќе се чувствувате подобро
Без оглед на сите проблеми кои ги имате и сѐ што сте сакале да постигнете тој ден, доколку сте вежбале сигурно ќе се чувствувате порасположени, а организмот ќе ви биде благодарен.

Ќе ви се подобри самодовербата
Како што килограмите ќе одат надолу, вашата самодоверба ќе тргне нагоре. Тоа што многумина не го знаат е дека топењето на мастите почнува дури после тренингот, а колку повеќе тренирате, слабеењето е побрзо.

Ќе добиете природен сјај
Вашето тело ќе биде во совршена форма благодарение на трчањето. Ќе ви се поправи и држењето на телото, а потта ќе ги поттикне и природните масла во вашата кожа поради кои таа ќе изгледа помлада и поздрава.

Ќе ги зајакнете колената
Многумина мислат дека џогингот ги оштетува колената, но не е така. Трчањето ја зголемува коскената маса и ги јакне мускулите на нозете.

Ќе го зајакнете срцето
Ќе ви се намали нивото на лошиот холестерол, а ќе се зголеми добриот. Срцето ќе почне да ви работи подобро, а ќе се намали притисокот.

Ќе ви се подобри сонот
Истражување спроведено помеѓу луѓе кои страдаат од несоница покажува дека оние кои трчале успеале да потонат во сон после 17 минути, додека на оние кои не трчаат им биле потребни дури 38 минути.

Ќе ви се подобри буџетот
Кога ќе ги видите резултатите од овој бесплатен спорт, ќе престанете да купувате препарати за диета, да одите на разни третмани за слабеење или да плаќате членарина за теретана.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>