Top
Rodeni_vo_januari_iLike_mk

Неколку причини зошто јануарските деца се навистина посебни

Честопати на шала знаеме да кажеме дека јануари е „најдолгиот“ месец во годината, месецот со кој ја започнуваме новата календарска година. Според научниците, луѓето родени во текот на овој месец се успешни спортисти, доктори или стануваат славни личности.

Во пдодолжение неколку интересни факти:

Таинствени се
Понекогаш е многу тешко да одгатнете што крие нивниот ум. Тие зрачат со таинственост која е интригантна за околината.

Добра природа
Резултатите од истражување открија дека зимските бебиња се со подобра природа и помалку се осетливи од врсниците родени во текот на летните месеци.

Често стануваат спортски ѕвезди
Според резултати од друга студија, во австралиската фудбалска лига дури една третина од играчите се родени во месец јануари.

Нивната идна професија може да биде медицината
Најмногу лекари се родени во првиот месец од годината, покажуваат други истражувања.

Во хороскоп ќе бидат Јарец или Водолија
Ако верувате во хороскопски знаци и имате малку познавање за нив, јасно ви е дека бебињата родени во јануари ќе бидат Јарец или Водолија во хороскоп. За луѓето родени во знакот на Јарец се вели дека се романтични и практични, додека бебињата родени подоцна во февруари се луѓе кои сакаат да им помагаат на другите.

Rodeni_vo_januari_2_iLike_mk

Би можеле да бидат славни личности
Студија објавена во Journal of Social Sciences вели дека најголем број славни личности во хороскоп се Водолија. Тоа значи дека се родени кон крајот на јануари или поточно меѓу 20 јануари и 18 февруари.

Добро организирани личности
Во детството обично се доста позрели за нивната возраст. Практични се и амбициозни, кога ќе пораснат ќе забележите дека се многу добро организирани и на време ги завршуваат обврските.
Имаат поголема смисла за хумор од другите, храбри се и позрели во младоста, додека во староста подетинуваат. Кога им е досадно прават лудории.

Обожаваат животни
Фасцинирани се од животинскиот свет и не можат да си го замислат животот без барем едно милениче.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>