Top
Happy-Bday-iLike-mk

Родендени кои се најважни во животот

Психолозите од Универзитетот во Калифорнија се обиделе да добијат одговор на прашањето кои родендени се навистина важни, а резултатите покажале дека се работи за оние кои се една година пред влегувањето во нова деценија, на пример 29, 39, 49.

Родендените се добро време за сведување на сметките, анализа на постигнатото и поставување на цели за иднината и токму годините пред јубилеите се издвојуваат од другите.

Деветтата година во деценијата се покажала како одлучувачка за промени во животот, па така луѓето често се одлучуваат на измами, трчање маратон, промена на изгледот или дури и на самоубиство, бидејќи во човековата природа е да се тргне во нова потрага кога се затвора едно поглавје, а се отвора друго.

Јубилејните родендени звучат поважно од другите и токму тие имаат најголемо влијание на психата на човекот, бидејќи тие родендени се многу моќен мотиватор. Ако ви се наближува роденден што завршува на 9, подгответе се за малку повеќе размислување од обично.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *