Top
sovrseni-mazi

Хороскопски знаци во кои се родени совршените мажи

Мажите родени во овие хороскопски знаци во Зодијакот имаат квалитети кои ги прават совршени да ги имате за свој брачен другар.

Водолија
Тешко го даваат свое срце некому, но кога ќе се заљубуват подготвени се да направат сѐ за таа личност. Мажот роден во знак Водолија секогаш ќе се стреми да ги исполни желбите и потребите на неговата сопруга или поконкретно да ја третира како принцеза. Со овие родени авантуристи никогаш нема да ви биде здодевно. Единствениот недостаток е нивната прекумерна чувствителност.

Лав
Мажите родени во овој знак можат да делуваат неверно поради нивната изразена харизма на која многу жени паѓаат, лавовите ги забележуваат само оние жени што се слични со нив. Жената која ќе ги освои треба да има цврсти ставови и да е одлучна, па штом ги препознаат тие карактеристики кај понежната половина ќе и се предадат засекогаш.

Скорпија
Додека се млади имаат тенденција да ги менуваат партнерките често, кога созреваат тие се подготвени да бидат блиски само со една личност. Тие се верни во бракот и посветуваат многу внимание на својата партнерка. Исто така се страстни љубовници, а тоа е уште една нивна позитивна страна.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>