Top

Јануари е месец на разводи

Првиот месец во годината, јануари, очигледно делува освестувачки кога се во прашање врските. Со текот на годините, месец јануари е прогласен за месец на развод.

Причината за ова е фактот што бројот на судски постапки за разводи секоја година е зголемен во првиот месец од годината. Експертите велат дека ова е затоа што луѓето не сакаат да започнуваат толку болни теми и големи одлуки за време на празниците. „Празниците се период кога емоциите се искачуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или лути на партнерот, овој период од годината може да биде пресвртна точка“, изјави адвокатот за разводи Џејмс Грос Хафингтон.

Многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украси, светилки, паѓаат под влијание на убавата волшебна празнична атмосфера, толку многу што веруваат дека сè може да се смени и да оди на подобро. За жал, веднаш штом ќе поминат празниците, тие се уверуваат дека биле во право и пред празниците.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>