Top
kloniranje-iLike-mk

Клонирање – игра со природата или најголем напредок на човештвото?

Клонирањето е употреба на генетски инженеринг за создавање на идентични копии од растенијата и животните. Уште од 1997 година со клонирањето на овцата Доли, клонирањето стана дел од реалниот живот и предмет на јавна дебата.

За некои луѓе, човечкото клонирање е прифатливо во медицината и покрај критиките дека тоа е неприродно. Човечкото ткиво може да биде клонирано за заменување на орган или генетска тепарија. Кога едно дете боледува од некоја опасна болест и му е потребна донација на орган, доколку би имало клониран брат или сестра, би овозможило 100% донорска компатибилност за разлика од вистински брат или сестра каде шансите би биле едвај 25%. Паровите кои не можат да имаат деца би можеле да клонираат дете од самите себе, а пак животинските видови кои се загрозени би можеле да се клонираат за да се зголеми нивната бројка.

Од друга страна, има многу аргументи против клонирањето. Многу луѓе гледаат на клонирањето на Доли како преминување на црвената линија, уште еден обид за поигрување со природата. Освен критиките на луѓето, и научниците не знаат до каде ќе водат ефектите од генетскиот инженеринг. Сè повеќе и повеќе растенија се генетски модифицирани, следни се животните. Идејата за создавање на “совршени” растенија и животни би можела да ја елиминира големата разновидност на видови на нашава планета. Дури некои научници велат дека може да се трансплантираат органи од клонирани животни на луѓе, но ризикот е огромен и многу луѓе сметаат дека тоа е одбивно.
Очигледно е дека треба да се регулира генетиката и за се запрат експериментите навреме, пред да биде предоцна!

Кое е вашето мислење на оваа тема?




1 Коментар

  • Darko Osmanovski вели:

    Kloniranjeto e istoto so sakase da go napravi Hitler … da gi zadrzi samo zdravite i vitkite … ama mislam deka toa ne e bash najdobro… i mislam deka ne ni treba Hitler vo 21 vek …. :)

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>