Top
running

Брзо одење или трчање?

Сигурно и вие немате време секој ден да одите на вежбање, бидејќи тоа подразбира секојдневно прилагодување на времето, моменталното расположение и распоредот на тренинг. Добрата вест е дека некои вежби можете да ги правите на отворено, без надзор од тренер.

Кардиоваскуларните вежби се најдобар пример за тоа. Тие се сметаат за најдобри вежби кога станува збор за слабеење и одржување на здравјето. Лесни се за извршување, не е потребна дополнителна опрема, а ефикасно согоруваат калории. Брзото одење, пливање и трчање се само дел од тие кардиоваскуларни вежби.

Koга се поставува прашањето дали е поефикасно брзото одење или трчањето, стручњаците се поделени во мислењата, бидејќи сметаат дека зависи од поединци. Која вежба и да ја изберете треба да знаете дека има и предности и маани. Во обзир треба да ја земете својата цел, возраст и телесната тежина бидејќи не може секој да ја прави секоја вежба и истата не дава еднакви резултати кај сите. Треба да почнете бавно и постепено да го зголемувате времето и интензитетот на вежбање. Ако имате некаков здравствен проблем, задолжително посоветувајте се со лекар пред да започнете со тренинг.

Голем број студии покажуваат дека трчањето троши повеќе калории, што е вистина. Но, кога е во прашање броењето калории, брзината е важен фактор. Ако трчате бавно, а одите многу брзо, тоа значи дека со брзо одење ќе потрошите многу повеќе калории. Исто така, ако сте во состојба повеќе време да одите брзо, а пократко време да трчате, тогаш со одење ќе потрошите повеќе калории. За трошење најмногу калории најдобра комбинација е трчање и брзо одење.

За да може да се споредат овие две активности, треба да се одвиваат со иста брзина и оддалеченост. На тој начин, трчањето зазема прво место, но ефикаснота на брзото одење значително може да се зголеми ако носите тегови за раце и нозе.

Што се однесува до предностите за здравјето на срцето и крвта, и двете активности се подеднакво ефикасни бидејќи ја забрзуваат работата на срцето, дишењето и поттикнуваат потење.

Брзото одење носи помали ризици од повреди за разлика од трчањето. Сигурно е за сите возрасти и за секоја телесна тежина. Истото се смета за најбезбедна вежба. Трчањето, од друга страна, го зголемува ризикот од повреди, особено во пределот на колената. Факторите како телесната тежина и возраста мора да се земат во предвид кога е во прашање трчањето.

Трчањето е вежба со посилен интензитет во однос на брзото одење, а не се препорачува на луѓе кои имаат болки во грбот или колената. За да го намалите ризикот од настанување повреди во текот на трчањето, вложете во квалитетни патики и изберете соодветна површина за трчање, како стаза за трчање или рамна тревна површина.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>