Дали некогаш сте се запрашале што е среќа? Среќата доаѓа во многу облици и понекогаш навистина е тешко да ја препознаеме. Од несреќата пак, потекнуваат најголемите незадоволства кои не прават очајни. Постојат нешта кои ги прават луѓето незадоволни.
Премногу им се важни материјалните работи
Тие веруваат дека парите можат да купат среќа. И постојано купуваат, и она што им треба и она што не им треба, бидејќи, мислат дека шопингот може да ги направи среќни.
Во секоја ситуација тие се жртви
Без разлика дали се виновни или не за некоја ситуација или проблем, тие секогаш мислат дека се жртви. И ако се обидете да им објасните дека не се, тие стануваат уште поголеми жртви.
Често се дома
Овие луѓе не се социјализираат, немаат многу пријатели, не се дружат, не споделуваат искуства, не создаваат спомени затоа што многу луѓе не им одговараат.
Постојано се жалат
Bез разлика дали проблемот е мал или голем, тие секој ден зборуваат за него. Ако е сончево, ќе се жалат дека е жешко, ако врне ќе се жалат дека им студи. Никогаш ништо нема да им е погодено.
Сакаат да бидат центар на внимание
И ќе направат се за да привлечат внимание.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!