Top
zaljuben

Хороскопот открива дали и тој е заљубен во вас

Доколку вие имате силни чувства, но не сте сигурни дали и тој е заљубен во вас, прочитајте ги следниве нешта кои ги издаваат хороскопските знаци кога се заљубени и откријте дали и тој ги има истите чувства кон вас.

Овен
Овој знак има неконтролирана потреба да ја заврти главата кон вас кога сте во негова близина, обидувајќи се да направи контакт со вашите очи. Секогаш кога ќе го погледнете, вие забележувате дека и тој гледа во вас. Ова се очигледни знаци дека тој е заљубен и флертува со вас.

Бик
Тој го „прочистува“ грлото пред да започне да разговара со вас, бидејќи неговиот ум се збунува од вашиот глас. Освен тоа, кога тој е во ваша близина, доколку се случи да разговара со други луѓе, несвесно се обидува да ве допре. На тој начин покажува дека е заинтересиран за вас, но им покажува и на другите момци во близина да стојат настрана од неговата девојка.

Близнаци
Постојано ве допира со своите дланки и има потреба да ги стави неговите раце околу вашите рамена. Најчесто се обидува да комуницира со вас без некоја посебна причина, бидејќи едноставно ужива во вашиот разговор. Доколку тој е навистина заљубен, тогаш очекувајте многу пораки од него преку кои тој ќе се обидува да го одржи контактот со вас.

Рак
Единствено што може да го смири е само еден бакнеж со вас, па токму затоа љубовта во него можете да ја забележите преку руменилото на неговите образи. Луѓето имаат тенденција да поцрвенеат и на комплименти, но постојаното руменило на неговите образи додека ве набљудува е силен знак дека тој чувствува силни чувства за вас.

Лав
Чувствува како срцето силно му чука во градите и како го облева студена пот. Дури и покрај тоа, сепак oстанува витез и џентлмен и почнува да се однесува кон вас како кон вистинска дама. Доколку не се грижи за вас, тогаш не се грижи ни што мислите за него и нема воопшто да внимава на своето однесување.

Девица
Тој го губи апетитот, а во стомакот има „пеперутки“ секој пат кога ќе ја види личноста во која е заљубен. Тој сака да ви помогне со вашата работа и со другите обврски од секојдневието, па затоа често пати ќе се случи да се понуди да ве префрли до дома или да ве почека да завршите со работа. Токму ова однесување е знак дека тој е заљубен во вас.

Вага
Кога љубовта ќе влезе во неговата душа, тој се чувствува целосно. Тој е подготвен и да го подобри својот надворешен изглед за кратко време со цел да биде „подобар“ за вас. Кога еднаш ќе ја најде својата сродна душа, тој вложува бескраен напор секојдневно да ја инспирира.

Скорпија
Што се однесува до неговиот емотивен свет, тој не може да ви биде лут подолго од час-два, без разлика на она што сте го направиле. Кога е заљубен, тој не може да остане лут бидејќи тоа го боли, а ако вложува интензивен напор во извинувања или прифаќање на извинувања, тогаш навистина се грижи за вас и за вашите чувства.

Стрелец
Тој постојано сака да танцува и постојано чувствува како да може да истрча маратон. Од друга страна пак, тој во кое било време би ја жртвувал својата среќа за вие да бидете среќни. Без разлика дали станува збор за нешто поголемо или пак за ситници, како изборот на ресторан, отстапувањето на меката перница и слично.

Јарец
Јарецот кога се заљубува се чувствува ранливо и исплашено. Тој се чувствува како да се топи, но никогаш нема да ви го покаже тоа. Токму затоа кога ќе се заљуби, дури и ако е премногу зафатен, тој сепак ќе наоѓа време за да ви дозволи малку да си „поиграте“ со него.

Водолија
Неговиот крвоток изгледа како да работи побрзо од вообичаено. Навистина ја чувствува љубовта во себе и без проблем ќе ве поддржува во сè што правите. Тој ќе биде покрај вас дури и кога не сте во право. Можеби ќе има спротивен став во себе, но тоа никогаш нема да го покаже пред публика.

Риби
Неговите нозе танцуваат дури и кога седи. Ова е неговата вистинска природа, да биде заљубен и да го покаже тоа во секој поглед. Доколку патувате некаде или пак, само сте излезени со пријателите, тој сигурно ќе ви се јави за да провери дали сè е во ред. Тој е личност која може да се опушти само доколку знае дека сте безбедни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *