Top
Браќа и сестра

Блискоста меѓу браќата и сестрите е вистинско богатство

Некој се дружи со своите браќа и сестри, некој ги гледа повремено, а пак некој воопшто не комуницира. Нема да ве учиме како треба да се однесувате кон нив, но сигурно ќе ве интересира истражувањето кое покажало дека блискоста со браќата и сестрите влијае позитивно на вашето здравје и расположение.

Истражувањата покажаа дека личностите кои што се во блиски односи со своите браќа или сестри, не чувствуваат осаменост и се помалку склони кон депресија. Исто така, тие се чувствуваат многу посигурно. На прв поглед, ова можеби и не делува како некоја голема придобивка, но…

Силните врски помеѓу браќата и сестрите освен што помагаат во детството помагаат и во подоцнежните години. Тие штитат од негативните последици кога поддршката од родителите ќе се намали или ќе ја нема.
Доколку немате многу пријатели или друштвени контакти, а ги имате оние блиски братско-сестрински односи нема да почувствувате некој значаен емотивен проблем. Сè додека луѓето знаат дека можат да се обратат кај братот или сестрата во секое време, добро се чувствуваат.

Така што без оглед на тоа колку обврски имате и колку сте зафатени, секогаш имајте време за своите најблиски. Задолоството ќе биде обострано!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>