Дали чувствувате дека сте под стрес и никако не можете да се опуштите? Тогаш време е да ги примените нашите совети и да го поправите вашето расположение.
Набљудување
Додека јадете, се капете, за време на прошетка или шопинг… перцепирајте го секој аспект од околината која ве окружува. Следете ги сетилата и внатрешниот глас. Така телото и умот целосно ќе се опуштат и ќе уживаат.
Поглед
Под стрес се менува изразот на вашето лице, а никој не сака во друштво да биде наречен „Лутко“. Обидете се на овој начин: погледнете малку нагоре, но така што вашиот поглед сеуште ќе остане фокусиран на она што претходно се наоѓало во висина на вашите очи. Овој мал трик ќе ви помогне да ги опуштите очите и да ги забележите работите во периферијата на видното поле што ќе резултира со моментална релаксација на телото и умот.
Дишење
Д-р Марк Еткинсон, автор на книгата „Вистинска среќа“, го открива совршениот начин за правилно дишење во стресни ситуации, што доведува до релаксација и уживање. Дишењето се состои од два едноставни чекори: длабоко земете воздух и задржете броејќи до четири, а издишувајте бавно со броење до седум. Повторете ја оваа постапка најмалку пет пати и ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!