Top
socijalni

Што не треба да објавувате на социјалните мрежи?

Секојдневното користење на социјалните мрежи подразбира и споделување на дел од својот приватен живот, но сепак постојат нешта кои треба да се избегнуваат.

Лични информации и доверливи информации. Последното нешто што го сакате е некој да ги добие сите информации за вас.

Љубовни проблеми. Разговорот со пријателите и родителите за љубовните проблеми е нормална работа, но пишувањето за тоа на социјалните мрежи е незгодно, исцрпувачко и непотребно.

Пари. На социјалните мрежи, невкусно и непожелно е да објавувате работи што инсинулираат колку пари имате, колку заработувате и што можете да си дозволите. Може да привлече и крадци.

Незаконски супстанции. Позирањето со чаша шампањ или цигара е една работа, но сметаме дека е сосема непотребно да се објасни зошто не е препорачливо да објавувате слики од лекови и други нелегални материи во вашата непосредна близина.

Мислење за работа. Никогаш не знаете како некој ќе ги толкува вашите зборови, каков заклучок ќе извлечат или кого ќе го информираат.

Голотија. Оставете ги вашите физички адути за очите на вашата помоќна половина.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>