Top
Sini_ochi_iLike_mk

Прочитајте што откриваат сините, а што зелените очи

Многумина ги сметaат сините и зелените очи за најубави. Според статистиките, само 2 проценти од светската популација има зелена боја на очи, додека пак, сината боја на очи е застапена со околу 8 проценти.

СИНИ ОЧИ
Сината боја на очи е генетски рецесивна особина, бидејќи е помалку присутна во светот. Таа боја се формира како резултат на недостаток на пигмент. Во светот само осум проценти од луѓето ја имаат оваа боја на очи. Сината боја на очите се поврзува со енергијата и рационалното размислување. Луѓето со сини очи се сметаат за шармантни и пријателски настроени. Освен тоа тие се спонтани, авантуристи и ја имаат развиено духовната страна на од својот карактер.

ЗЕЛЕНИ ОЧИ
Оваа боја на очи се смета за најретка. Ја има само 2 проценти од светската популација. Зелената боја симболизира харизма, иновативност, младост и здравје. Луѓето со зелени очи се опишуваат како љубители на авантури. Тие се добри говорници, снаодливи во општеството и ретко осамени. Во љубовта се понекогаш превртливи, па ни сами не знаат што сакаат. Тврдоглави се и склони кон манипулации и љубомора.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *