Top

Втор роденден на независниот театар Theatra

Независниот театар Theatra на 27 април 2013 година ќе прослави две години од своето основање. Театарот во изминатите две години продуцираше завиден број на претстави и проекти, почнувајќи со претставите “Мизантроп”, “Звукот на коските што се кршат”, “Хауситери”, воведе свежина во радио етерот со радио драмите “Пеперутка” и “Случајно” а претстави и нова форма на театарски израз преку трансмедијалното доживување “Привид”, што го издвојува како еден од ретките независни театри со своја континуирана продукција.



Роденденската прослава ќе се одржи во кафулето “Дамар” во старата турска чаршија, со почеток во 21ч.Тимот на Theatra најавува невообичаен перформанс, претставување на нови проекти, изненадувања за сите посетители и секако, многу забава. Со присуството на настанот и нарачка од специјалното роденденско мени имате можност да го дадете и својот личен придонес за развојот на Theatra.

Прославете за независниот театар со Theatra!

За повеќе информации кликнете тука.

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>