Top

“Мојот живот во мастило” – изложба на фотографии од тетоважи

Првата изложба на фотографии на тетоважи во Македонија насловена “Мојот живот во мастило” (“My life in ink“), беше отворена вчера вечер во lounge барот “Барбакан”. Организатор на овој уникатен настан што ја афирмира тетоважата како применета модерна уметност е светски познатиот бренд “Дизел” (“Diesel“), а како партнер во проектот се јавува уметникот Симон кој стои позади прикажаните тетоважи.



Тетоважите претставуваат еден уметнички феномен, моќна супкултура која опстојува со векови. “Дизел” како бренд во секоја стилизирана модерна тетоважа препознава многу повеќе од само траги од мастило гравирани на кожата. Зад секоја тетоважа се крие еден цел уметнички космос, интимна човечка приказна раскажана моќно и храбро. Современиот сопственик на тетоважа храбро скицира нов самосвесен профил на човек, со нов однос кон себе и светот околу нас. Ние како бренд целосно ја поддржуваме таа смелост да се биде свој.” – рече на отворањето Јасмина Апостолоска, маркетинг-менаџер на Фешн груп, главен дистрибутер на “Дизел” за Македонија.

Портретите во овој проект “Мојот живот во мастило”, галеријата на тетоважи, се повеќе од снимени фотографии, тоа се уметнички слики чие платно се живи суштества. На нив се испишани повеќе различни, но подеднакво моќни животни приказни. Ако се набљудуваат внимателно, тие откриваат свет на форми и страсни сетила кои треба да се истражуваат и да се дешифрираат. Откритието е прекрасно и токму тоа е она сакаме да ви ги презентираме вечерва.” – нагласи Јасмина.

Изложбата опфаќа 15 фотографии, и трае до 26-ти мај.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>