Top
Celio_SS_2017_iLike_mk

Celio* пролет/лето 2017 колекција

За оваа сезона, Celio* ве води на патување. За пат околу светот, Celio* предлага 6 колекции инспирирани од шест дестинации кои не смеат да се пропуштат оваа сезона:

ТОКИО
Овој голем, светски познат град, колевката на идните трендови и современата мода, секогаш успева да привлече со својата едноставност и спокојство. Celio* црпи инспирација од оваа внимателно контролирана мешавина и предлага канцелариски изглед кој воедно е дискретен и рафиниран, но исто така забавен и строго дефиниран. Базирана на американската работна облека со доза на автентичен јапонски допир, оваа линија прилега на сите облици на тело.
Избледените „винтиџ“ џинс парчиња се комбинираат совршено со живи бои и весели принтови. Облеката за на плажа е во светли нијанси и флуоресцентни бои.

01-celio-blouson-façon-cuir-(dos)

02-celio-bomber-coton-

03-celio-sweatshirt-coton

06-celio-t-shirt-coton

08-celio-t-shirt-coton

10-celio-t-shirt-coton

13-celio-sac-a-dos-toile-et-cuir-FICANPACK-MUSTARD

19-celio-t-shirt-coton

20-celio-t-shirt-coton

21-celio-bomber-coton

24-celio-chemise-coton

25-celio-jeans-chanvre

29-celio-blouson

30-celio-parka

34-celio-doudoune-sans-manche

ЊУЈОРК
Метежот и вревата на Њујорк и Вол Стрит е она што го инспирираше Celio* да креира лежерна и шик линија. Опуштена и реласкирана облека составена од лесни јакни, летни „чино“ панталони и шорцови во секакви бои, „џогинг“ панталони и спортска облека која се комбинира со најшик парчињата како што се сакоата и класичните панталони.
Колекцијата добива нови форми со обновена техничка прецизност и квалитет.
Неутралните тонови како што е бледокафената боја, морнарско сината и црната се збогатени со пругасти шари кои даваат нова динамика на парчињата.

60-celio-chemise-coton

62-celio-veste-de-costume-laine

65-celio-pull-coton

68-celio-basket-basse

72-celio-pull--maille-coton

73-celio-pull-maille-coton

75-celio-trench

77-celio-pull-coton

82-celio-blouson-coton-meМЃlangeМЃ-GUCOTTON

83-celio-derby-cuir---GYDERBY

ЛОС АНЏЕЛЕС
Фасцинaцијата од јужнозападниот Американски континент, но поточно од Лос Анџелес и медитеранската клима – сонце, свеж воздух и едноставните линии на пустината , ја креираат инспирацијата за минималистичкиот стил и функционалниот израз „соголен“ од секакви ексцеси. Celio* се концентрира на она што е суштинско и едноставно, лансирајќи линија со „basic“ парчиња кои се обновени со премиум материјали. Меѓу највпечатливите производи се бежовите памучни кратки палта, ветровките со бела качулка со крзно и сиви памучни блузони.

38-celio-sweatshirt-maille-coton

41-celio-pull-maille-coton

42-celio-pantalon-coton

45-celio-sweatshirt-coton

46-celio-bermuda-coton

47-celio-besace

48-celio-basket

51-celio-blouson-facon-cuir

52-celio-jean

54-celio-pull-maille-coton

57-celio-blouson-lin---GULIN

БАЛИ
Ова е перфектна џинс колекција произведена од еден основен тренд – културата придружена со индиго боите.
Од благородниот, природен пигмент кој се користи насекаде во светот, индиго бојата зависи од тоа колку пати материјалот ќе се потопи во бојата.
Од темната нијанса како длабочините на океанот до акварелната боја на лагуните и небото, или пак индиго боја со избледен ефект, сите сини нијанси се комбинираат со многу светли парчиња – бели панталони или бежови бермуди.
Кога ќе настапи жешкото лето, принтовите со листови од палми и тропските мотиви на кошулите и памучните блузи ќе бидат актуелен тренд.
Палетата на бои варира од нијансите кои би можеле да се добијат од влијанието на сонцето и водата. Со оваа линија, Celio* комбинира избледен џинс и маици во рачно боени нијанси, како и шорцови и модни додатоци.

102-celio-sweatshirt-coton

106-celio-veste-denim

110-celio-veste-coton

111-celio-pantalon-coton

113-celio-chemise-coton

115-celio-chemise-coton

116-celio-chino-coton

117-celio-chemise-coton-double-face-indigo

119-celio-pull-maille-coton

120-celio-sweatshirt-coton-meМЃlangeМЃ-GELEAF

123-celio-t-shirt-coton--GESWELL

ГАНА
Многу релаксирана колекција составена од графички принтови и разнобоен стил кој влече инспирација од џинс светот. Освен индиго бојата, трендот на боите продолжува во земјени, теракота, бледокафени, кафени и „каки“ џинс нијанси.
Особено внимание се обрнува на принтовите, везовите и деталите. Највпечатливи парчиња се маиците со долги ракави и со војнички везови на задниот дел, кошулите со кратки ракави со геометриски, анималистички и маскирни мотиви, како и избледените памучни бермуди во различни нијанси.

128-celio-chemise-veste-coton

131-celio-cargo-coton-GOCARCA

132-celio-basket

133-celio-chemisette-coton

136-celio-casquette-tresse

139-celio-t-shirt-coton

140-celio-chino-coton

146-celio-bermuda-coton

147-celio-chemisette-coton--GANA1

148-celio-cardigan-coton-meМЃlangeМЃ--GERONIMO

ЊУ ОРЛЕАНС
Бидејќи ништо не е поважно од тоа да уживате во животот, Celio* го одбра градот Њу Орлеанс со својата богата историја, кутура и заедница на уметници. Каков што е духот на градот – со уметничка атмосфера и џез култура, поформалната облека е составена од комбинација на нови и стари трендови. Оделата од 50-тите години на минатиот век се достапни во традиционални бои, со палта на преклопување. Овој „градски“ кодекс на облекување открива безвременски изглед со мајсторски финиши и кројачки вештини –различни видови на штепување и контрастни детали на ленените и врвно скроените памучни одела.
Колекцијата е богата и со марами и шалови со ситни, но впечатливи шари, како и шапки од секаков вид.

85-celio-veste-coton

86-celio-chino-coton

87-celio-chapeau

90-celio-foulard-coton

91-celio-veste-coton

92-celio-chino-coton


Важен новитет во колекцијата на Celio* за оваа сезона е воведувањето на Powerflex технологијата за изработка на фармерки. Уникатноста на вака изработените фармерки се состои во специјалното ткаење кое спојува еластин, памук и полиестер и овозможува 80% еластичност или совршено удобно парче облека и оневозможува деформирање на фармерките со носење (растегнување, проширување, итн.).




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>